Полициски службеници денеска приведоа 45-годишен кумановец кој бил баран со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеци за извршено кривично дело.

– Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 15:30 часот го приведоа Љ.С. (45) од Куманово, кој се барал со потерница од Основен суд Куманово за издржување казна затвор во траење од една година и шест месеца за извршено кривично дело по чл.236 од КЗ на РСМ, наведуваат од МВР.

Лицето е спроведено во КПД Идризово.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/10/2020 23:21