Корисниците од улицата „Благоја Стефковски" позади училиштето Михајло Пупин во Општина Гази Баба, како и потрошувачите од село Горно Соње во близина на црквата утре од 9:00 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:15 до 15:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Палмиро Тољати", од број 114 до број 140 и од број 160 до 164 во Општина Гази Баба, од 12:00 до 15:00 часот корисниците на дел од улицата „Ванчо Мицков" во oпштина Карпош, а од 9:00 до 11:00 часот корисниците од улицата „Палмиро Тољати" од згр.76 а и 78 б, градинката 25 Мај и потрошувачите во нивна близина во oпштина Гази Баба.

Во периодот од 9:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците на дел од улицата „Загрепска" кај црквата Св.Јован Крстител, продавничките пред Заводот за вработување, црквата Св.Јован Крстител и околните објекти во oпштина Центар, од 9:00 до 12:00 часот корисниците од село Маркова Сушица, каменоломот Беровиќ, Маркова Сушица Сковин, Живинарска Фарма, како и сите стопански и нестопански субјекти кои се напојуваат од извод 5 од ТЦ 365/10 кw Св.Трипун и каменоломот Гама градба.

Утре од 12:30 до 16:00 часот без струја ќе бидат и дел од потрошувачите во село Орман, ТС Техника, ТС Магенда, ТС НАТО, ТС Ударник во oпштина Ѓорче Петров, а од 9:00 до16:00 часот и дел од корисниците од село Оризари.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2020 12:31