Заврши инсталацијата на нова линија за улично осветлување на излезот од Делчево.

Надлежните информираа дека станува збор за линија долга околу 1 километар која почнува од населбата Расадник, за што Општината инвестирала во броило, канделабри и нова линија.

-Новата линија која се протега од населбата Расадник до гробиштата во Делчево е само една од инвестициите во ново улично осветлување во градот и селата, која се реализира интензивно последниве три години. Целта е да се подобрат условите за живот и безбедноста на граѓаните, градот и населените места да бидат соодветно осветлени, но и законска обврска на општината која се сервисира редовно, информираа надлежните.

Претходно, нови линии за улично осветлување добија Димовско Маало во селото Драмче и уште неколку села во Делчевско.

-Нови линии за улично осветлување добија село Драмче и населбата Студена Чешма во село Очипала како и село Полето. Зголемениот број на канделабри, односно улично светилки се поставени на барање на жителите и во населбите Стрелиште, Таушанско Маало, Први Реон, Трети Реон, населба Расадник, населба Басарица, Милково Брдо, Ново Делчево, село Габрово и дел до регионалниот пат до Делчево, село Ѕвегор и Ѕвегорска Река, село Вирче, село Град, село Тработивиште, село Стамер и село Разловци, а дополнителни рефлектори се поставени и на пешачкиот мост, додадоа надлежните.

Во моментот, како што дополнија, се работи на дислокација на дрвените бандери заради нивна замена со бетонски столбови со менување на линијата во целата општина.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2020 12:33