Вкупните воени расходи на земјите од НАТО во 2020 година ќе изнесува 1.092,5 милијарди долари, што е за 61 милијарда долари повеќе отколку во 2019 година, се вели во статистичкиот извештај за воените трошоци на Алијансата. Во 2019 година, обемот на воени трошоци во Европа и Канада изнесуваше 301,38 милијарди долари, односно растот на нивното трошење по тековните цени е околу два отсто.

Велика Британија и Франција – двете најголеми воени сили на Европа – се очекува да ја достигнат целта од два проценти, заедно со Грција, Полска, Летонија, Литванија, Естонија, Полска, Романија и Норвешка. Но, неколку големи земји на ЕУ нема да успеат, вклучувајќи ги Германија со 1,57 отсто, Италија (1,43 отсто) и Шпанија (1,16 отсто). Најмногу заостануваат основачите на ЕУ, Белгија (1,10 проценти) и Луксембург (0,64 проценти), пишува Фајненшл тајмс.

Презентирајќи го извештајот, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференција во Брисел изјави дека и покрај пандемијата, воените трошоци на европските земји од НАТО и Канада се зголемуваат: „Шеста година по ред, гледаме зголемување на воените трошоци, очекуваме овој тренд да продолжи“.

Споредбата на воените трошоци на НАТО во 2019 и 2020 година, изразена во тековните цени на доларот, покажува дека девет од 30 земји малку ги намалиле своите воени трошоци. Најзначајно намалување на воените трошоци има во Бугарија – од 2,16 милијарди до 1,2 милијарди долари.

САД очекуваат сите земји-членки на НАТО да ги зголемат своите воени трошоци на најмалку два отсто од БДП до 2024 година, сега оваа проценка е надмината за 10 од 30 земји-членки (вклучувајќи ги и САД).



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2020 15:56