Ракометниот клуб Пролет денеска соопшти дека уште тројца ракометари од нивните редови се тестирале позитивни за коронавирусот. Тоа го покажале резултатите од последното тестирање меѓу сите членови на ракометниот клуб.
Согласно здравствените протоколи, тројцата заболени се ставени во самоизолација, а сите останати ракометари остануваат изолирани, надвор од тренажен процес.
Вкупно 12 ракометари на Пролет моментно се позитивни на Ковид-19.
Пролет не продолжува со тренинзи, се додека не бидат создадени услови за такво нешто со стабилизација на бројот на заболени во тимот.