Во Кичево вчера околу 14:30 часот, при движење се самозапали патнички автомобил „Голф" на улицата „22 Декември".
-Возилото било управувано од лицето Б.Д (51) од Кичево, а нема повредени лица, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стеган Димоски.
Тој додаде дека Територијалната против пожарна единица веднаш интервенирала и го изгаснала пожарот.