Општина Кисела Вода денеска на својата територија започна со активности за садење на повеќе зимзелени, листопадни и украсни садници.

Садниците се донација од компанијата „Цементарница Усје“.

-Градоначалникот Филип Темелковски, претседателот на Советот на Општината, Дарио Шимиќ и членот на Советот, Дарко Филиповски, со садење на неколку дрва го означија почетокот на акцијата за зазеленување и намалување на аерозагадувањето, соопштуваат од општината.

Дрвата се садат во паркот „Шопен“ и по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги. По ова, активностите за садење дрва ќе продолжат да се одвиваат и во урбаната заедница „Расадник“ и на улицата „Сердарот“, во селото Драчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/10/2020 23:41