Вчера во 23:25 часот, на ул.„Штипска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Џ.И.(26) од Тетово, поради сомнение дека претходно извршил обид за тешка кражба во две патнички возила, „фолксфаген голф“ и „опел астра“, со тетовски регистарски ознаки, кои биле паркирани на оваа улица.

Џ.И. е задржан во Полициската станица Тетово, по што ќе следува соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2020 01:26