Поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“ и пет дела „тешка кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Н.(33) од Охрид.

Тој, тешките кражби ги извршил во периодот септември-октомври 2020 година, насилно влегувајќи во куќи во Охрид.

Притоа, одземал златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, со што, се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2020 01:26