Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје на 22.10.2020, по добиена судска наредба, извршија претрес во два објекти во населба Синѓелиќ.

При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми. Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/10/2020 11:56