Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.К.(39) од Кичево.
– Тој на 18 мај оваа година на улицата „Борис Кидриќ“ во Кичево на едно лице му предал опаковка со хероин, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие на подрачјето на ОВР Кичево полициските службеници констатирале 24 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.
-Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6, став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, објасни Димоски.