Без вода денеска ќе бидат корисниците од улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, улица „1223“, „Гостиварска“, „Кадињача“, „Андон Папрадишки“, „Александар Македонски“, „Љубин“, „Андреј Зографски“, „Смилевска“, „Панајот Гиновски“, „Жеденска“, „Островска“, „Драговити“ и дел од „Борис Серафов“.

Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, е поради уличен дефект на водоводна мрежа Ф 150мм. на улица „Црногорска“ 2.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11 часот до завршување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/10/2020 13:05