Министерството за внатрешни работи вчера (24.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Делчево и Берово.
Притоа, изречени се вкупно 112 санкции, меѓу кои 22 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 14 за возење без возачка дозвола,13 за пречекорување на брзина.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.