Арачиновец кој треба да издржува казна затвор од 10 години, денеска е приведен од страна на полицијата и ќе биде спроведен во КПД Идризово.

Како што соопшти МВР во 10:50 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага го приведоа О.Б. (53) од село Арачиново, кој се барал со меѓународна потерница за издржување на казна затвор од 10 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2020 15:58