На 26.10.2020 полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба го лишија од слобода Е.И. (27) од Скопје поради извршено кривично дело разбојништво. Тој на 25.10.2020 на ул.Вера Радосавњевиќ, во близина на железничката станица, со закана со остар предмет извршил разбојништво над М.Д. и му одзел мобилен телефон, паричник и торбичка.

Веднаш по пријавувањето на случајот се преземени соодветни мерки и активности и сторителот е пронајден и приведен, а пронајдени се и одземените предмети. По документирање на случајот ќе биде поднесена содветна пријава до надлежното обвинителство.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/10/2020 16:06