Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.В(46), од струшкото село Поум.

При сообраќајна контрола извршена на 25.08.2020 на ул.„Боро Хаџиески“ во Струга, соопштија денеска од МВР, полициски службеници констатирале дека пријавениот на своето патничко возило „фиат пунто“ поставил регистарски ознаки кои потекнуваат од друго возило.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2020 03:22