Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М.(46) од гостиварското село Добридол, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
На 09.10.2020, З.М. од својот мобилен телефон преку пораки уценувал 33-годишник од село Градец, гостиварско, дека ако не му плати одредена сума на пари ќе објави материјали кои ќе му наштетат на честа и угледот на оштетениот.