Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 411 санкции, меѓу кои 83 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 43 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 45 за возење без возачка дозвола, 69 казни за непрописно паркирање и 61 возило подигнато со „пајак“, а 32 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2020 10:35