Македонскиот ракометен шампион Вардар не отпатува во Франција каде утре требаше да го игра натпреварот со Пари Сен-Жермен во Лигата на шампионите.

Во очекување на официјална информација од таборот на „црвено-црните“, во јавноста се појавија шпекулации дека во прашање со два нови случаи со коронавирус.

Доколку се потврдат ваквите шпекулации, не се знае дали целиот тим ќе оди во карантин, или остатокот од екипата ќе патува во Париз во друг термин.

Единствено што во моментов е јасно дека утре нема да има дуел ПСЖ – Вардар.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/10/2020 15:39