Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во септември годинава се повисоки за 0,3 отсто на месечно ниво и за 1,3 отсто на годишно ниво, објави Државиот завод за статистика.

Во септември 2020, во споредба со август 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 1,6отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто.

Во септември 2020, во споредба со септември 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите енергија за 7,5 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/10/2020 16:28