Поради зголемен број на пациенти од Ковид-19 се наметна потребата од итно проширување и адаптирање на дел од болничките одделенија кое се наоѓа во завршна фаза, соопштија од Општата болница во Гевгелија.

Директорот д-р.Митко Крџев потврди дека во завршна фаза е доградбата на Дневниот прифатен центар каде се врши тестирање на пациентите, со цел да се обезбеди простор за уште осум болнички кревети за пациенти кои примаат дневна терапија и чекааат резултати од ковид тестовите.

– -Поранешното болничко одделение кое беше наменето за мигрантите го преуредивме во одделение за дневна терапија, а Невропсихијатриското одделение го адаптиравме за заразените пациенти од Ковид-19 кои имаат потреба од деноноќна терапија, но не на сметка на другите пациенти затоа што Невропсихијатриското одделение сега е преселено на Интерно одделение, рече Крџев.

Тој нагласи дека новоуредените одделение имаат потреба од десетина конектори за оксигенска терапија, монитори, ЕКГ апарати и кислородни боци.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2020 02:57