Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат повеќе улици од општините Гази Баба, Чучер Сандево, Кисела Вода и Карпош, информираат од РЦУК.
– Од 07:45 до 15:00 часот, улица 516 и фирмите во кругот и околината на Фабриката Комуна. (Општина Гази Баба). Од 08:30 до 15:00 часот, дел од ул. Киро Фетак. (Општина Кисела Вода). Од 09:00 до 13:00 часот, с. Горњани, с. Бањани, с . Чучер и с. Мирковци. (Општина Чучер Сандево). Од 11:00 до 15:00 часот, ул. Пролетерска од бр. 2, до бр. 20. (Општина Карпош), соопштија од Центарот за управување со кризи.