Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 287 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 4 прекршоци, 11 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 за возење без возачка дозвола, 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со „пајак“. Изречени се 123 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/10/2020 11:37