Во крајна фаза е уредувањето на внатрешноста на новиот конак во Лешочкиот манастир, што започна да се гради на 1 февруари оваа година. Со завршување на објектот и дворот, следува уште асфалтирање и уредување на паркингот зад конакот со што ќе заврши целиот проект.

– Објектот со градење беше завршен летово, во последните месеци се работеше на уредување на внатрешноста и на дворот. Се поставуваат последните елементи од инвентарот. Овој конак ќе претставува административен објект на Тетовско-Гостиварската епархија и надлежниот митрополит Г. Јосиф. Се состои од приемна просторија со канцеларија, сала за состаноци и слични простории, информираа од Епархијата.

Сега следува асфалтирање и уредување на паркинг простор од 2300 метри квадратни. Конакот е со површина од 750 квадратни метри. Средствата се од донации на верниците. Предвидено е во понатамошниот период да има и осветување на конакот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2020 01:35