Поради санирање на дефект на булевар „Борис Трајковски“, без вода вечерва се корисниците од висока зона Аеродром, Сервисна зона југ, ул. „Христо Татарчев“ краците од број 1 до број 11, како и дел од населбите Кисела Вода и 11-ти Октомври.

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека водоснабдувањето на овие корисници ќе биде нормализирано во текот на вечерните часови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2020 01:35