Здружението на граѓани за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Трисомија 21-Скопје“ со студентите од Филозофскиот факултет при УКИМ неделава на настанот насловен „Игри без граници“ испратија порака дека лицата со Даунов синдром треба да бидат прифатени како рамноправни членови во општеството.

Настанот е организиран по повод одбележување на месец октомври како месец за подигање на свеста кај пошироката јавност за лицата со Даунов синдром.

-Од одржаниот настан испративме порака „Не ставајте граници меѓу нас -ние сакаме да бидеме со вас„ и дека ние лицата со Даунов синдром бараме да бидеме прифатени како рамноправни членови во нашето општеството и сите заедно да придонесеме кон градење на инклузивно, поефикасно и посреќно општество, посочија преку соопштение организаторите



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2020 12:11