Бројот на работници во индустријата во септември годинава, во однос на септември лани, е намален за 4,7 отсто. За толку е намален бројот на работници во индустријата и во периодот јануари – септември годинава, во однос истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен бројот на работници во септември годинава во однос на септември минатата година се намалил за 0,7 отсто, во Преработувачка индустрија за 5,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,6 отсто.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември годинава, во однос на септември минатата година, бележи опаѓање кај Енергија за 1,3 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 5,7 отсто, Капитални производи за 4,6 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,7 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/10/2020 16:08