Изминатите неколку месеци прифатилиштето за бездомни кучиња на јавното претпријатие ЛАЈКА - Скопје оствари успешна соработка со Центарот за благосостојба на животни при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Освен вложувањето во инфраструктурата, ЈП Лајка Скопје вложува и во едукација на своите вработени.

Внимателно го градиме нашиот тим и со континуирано надградување на знаењата на кадри кои се безусловни љубители на животни, дополнително ги мотивираме успешно да ја извршуваат својата работа и да имаат привилегија да ја добијат довербата од најдобриот пријател на човекот.

Новиот тим успешно ги заврши обуките за заловување и хуман третман на бездомни кучиња во Центарот за благосостојба на животни при Факултетот за ветеринарна медицина - Скопје под менторство на проф.д-р Влатко Илиески, информираат од Јавното претријатие.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/11/2020 17:21