Без вода утре од 09:00 часот ќе останат корисниците од населбите Ново Село, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров.

Како што соопштија од јавното претпријатие „Водовод и канализација, прекинот е поради поставување на мерач на проток во пумпната станица во Ново Село.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до 13:00 часот.

Без вода утре ќе бидат и корисниците на улиците „Жеглане“, број 12 , „Фуштанска и „Дурмитроска“. Прекин на водоснабдувањето ќе има поради промена на затворач. Корисниците ќе бидат без вода од 9 часот се до завршување на интервенцијата



Автор: Администратор
Објавено на: 03/11/2020 23:31