Статусот на АД – Пошта на Македонија, нема да се реши до крајот на годината. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битики, на новинарско прашање до каде е процесот за приватизација на поштата, истакна дека не станува збор за приватизација, туку за реструктуирање на функционирањето на компанијата.

– Моделот кој ќе биде избран е јавно-приватно партнерство или евентуално приватизација. Станува збор за процес кој што само што е почнат. Мислам дека во првиот или вториот квартал на 2021 година ќе имаме конечна одлука. Не е процес кој завршува во една краток период, рече Битиќи, кој е дел од владиниот тим задолжен за подготовка на физибилити студија со која ќе се утврди моделот за натамошниот статус на поштата.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/11/2020 18:02