Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, како и Законодавно-правната комисија.

Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгеда предлозите на законите за финансика поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, за месеците октомври, ноември и декември 2020, за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, како и измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, сите по по скратена постапка во второ читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/11/2020 10:47