Народната банка информира дека е објавен нов труд од серијалот текстови „Економија за секого“ – “Зошто имаме режим на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото?“.
Серијалот „Економија за секого“ содржи текстови коишто накратко обработуваат значајни прашања од доменот на работењето на централната банка, работењето на деловните банки и макроекономијата.
– Преку едноставен и разбирлив начин, се обидуваме подобро да ги објасниме соодветните теми, за да бидат појасни за јавноста, што би придонело и за финансиската едукација на населението, се додава во соопштението на Народната банка.