Без електрична енергија утре од 08.00 до 12.00 часот ќе бидат корисниците од ул. Ордан Чопела во Општина Чаир, а од 09.00 до 10.30, дел од село Долно Соње во Општина Сопиште, соопшти денеска Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Утре од 09.00 до 11.30 часот струја ќе немаат корисниците од дел на ул. „Алжирска", непарни броеви од 1 до 33 во Општина Карпош, како и потрошувачите на дел од ул. „Иван Манолев" и дел од ул. „Рокомија" куќи со броевите 57А-Б -59 А-Б во Општина Бутел, го пренесува РЦУК известувањето од енергетската компанија ЕВН Македонија.