Управата за јавни приходи ги достави налозите за повратот на ДДВ на граѓаните од мерката Викенд без ДДВ, а исплатата ќе се врши од утре.

На сметките на оние што скенираат фискални сметки и направија промет во Викендот без ДДВ ќе легнат над 66 милиони денари.

Од Управата за јавни приходи за МИА информираат дека парите на граѓаните ќе бидат вратени за два дена, односно повратот од ДДВ ќе го добијат во утре или задутре на своите сметки.

Мерката Викенд без ДДВ е дел од четвртиот сет антикризни мерки кои се во вредност од 470 милиони евра, а целта да се придонесе за намалување на ефектите од ковид-кризата и да се поддржат граѓаните и стопанството. Се реализираше на 10,11 и 12 октомври 2020 година и предвидуваше поврат на целиот износ на платениот ДДВ за купени македонски производи и услуги, како и компјутерска опрема.

Во трите дена 204 088 граѓани купиле македонски производи или услуги и компјутерска опрема и беа скенирани три пати повеќе фискални сметки, а осстварениот промет беше за 9,5 пати поголем во односна истиот викенд лани.

Во Викендот без ДДВ остварен е промет од 558.176.715 денари со што граѓаните ќе остварат враќање на ДДВ во износ од 66.853.929 денари.

Во Викеднот без ДДВ беа скенирани трипати повеќе фискални сметки и беше остварен 9,5 пати поголем промет од македонски прозиводи во однос на истиот викенд од минатата година.

По исплатата на повратот од Викендот без ДДВ, Управата за јавни приходи ќе ја почне обработката на налозите за повратот од МојДДВ за третото тримесечје, по што ќе започне и исплатата на тие средства на граѓаните.

По овој основ кај граѓаните на сметките ќе бидат префрлнеи речиси 430 милиони денари.

Во текот на третото тримесечје, односно во месеци јули, август и септември 2020 сппред податоците на Управата за јавни приходи, остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари. На граѓаните за ова тримесечје ќе им се врати, односно исплати околу 430 милиони денари, како дел од ДДВ што го оствариле граѓаните од скенирани фискални сметки во јули, август и септември 2020 година.

Преку МојДДВ за скенираните фискални сметки на граѓаните им се врши поврат од 20 отсто за платениот ДДВ за македонски производи и услуги, и 10 отсто за останатите добра и услуги.

Од УЈП наведуваат дека трговците и давателите на услуги се должни да ги означат одделат правилно македонските добра и услуги од останатите добра и услуги во фискалните апарати, а издадената фискална сметка задолжително да го искажува прометот од сите македонски производи и услуги.

-Само преку правилно искажан промет од македонски производи и услуги граѓаните може да остварат поголемо право на враќање на дел од данокот на додадена вредност односно 20 отсто. Скенирањето на фискалните сметки значи пари назад кај граѓаните, значи издавање на фискални сметки за секој купен производ, значи формализирање на неформалната (сива) економија. Управата за јавни приходи е партнер со компаниите и со граѓаните, и заеднички се бори против сите кои не ги почитуваат даночните правила во државата, посочуваат од УЈП:

Апликацијата МојДДВ може да ја користи секој граѓанин со навршени 15 години и кој е регистриран на електронскиот систем на Управата за јавни приходи.с



Автор: Администратор
Објавено на: 09/11/2020 13:20