Формула 1 објави дека ќе одржи 23 трки во 2021 година. Ова е највисоката бројка во историјата на шампионатот.ко што претходно беше соопштено, Виетнам ќе го загуби своето место на календарот, додека Големата награда на Бразил сè уште не е потврдена.

Оваа година беа планирани 22 етапи, меѓутоа, поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусите, календарот се намали на 17 Гран при.

Прелиминарен календар на сезоната-2021 година за шампионатот во Формула 1:

1. Австралија – 21 март 2. Бахреин – 28 март 3. Кина – 11 април 4. Сè уште непознат домаќин – 25 април 5. Шпанија – 9 мај 6. Монако – 23 мај 7. Азербејџан – 6 јуни 8. Канада – 13 јуни 9. Франција – 27 јуни 10. Австрија – 4 јули 11. Велика Британија – 18 јули 12. Унгарија – 1 август 13. Белгија – 29 август 14. Холандија – 5 септември 15. Италија – 12 септември 16. Русија – 26 септември 17. Сингапур – 3 октомври 18. Јапонија – 10 октомври 19. САД – 24 октомври 20. Мексико – 31 октомври 21. Бразил * – 14 ноември 22. Саудиска Арабија – 28 ноември 23. Абу Даби – 5 декември.

Големата награда на Бразил треба да се одржи во Интерлагос, но договорот сè уште не е склучен.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/11/2020 14:50