Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и додели кредит од 15 милони евра на ПроКредит банка наменет за помош на микро, мали и средни претпријатија во земјава за справување со економските последици од пандемијата на коронавирусот.

Кредитот на ЕБОР е доделен од Пакетот за солидарност на Банката, која обезбедува мерки за поддршка на постоечките клиенти врз кои влијае кризата од коронавирусот, а средствата ќе се искористат за ликвидност на малите бизниси во земјава кои имаат намалување на активностите и приходите, како последица од проширувањето на вирусот.

Емилија Спировска, член на УО на ПроКредит банка, оцени дека кредитната линија од ЕБОР ќе претставува значајна поддршка преку која дополнителни 15 милони евра ќе бидат пласирани во македонското стопанство

-ПроКредит банка веќе 17 години успешно ја поддржува македонската економија и е докажан партнер на малите и средни претпријатија во земјата. Нашиот успех се должи на на долгорочниот, партнерски однос, транспарентност во комуникацијата со клиентите, високиот квалитет на услуга и одговорното кредитирање. Како одговорна банка, во ситуација на намалена економска активност поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, стоиме позади нашите клиенти. Во ситуација на зголемена неизвесност важно е банката партнер на своите клиенти да им обезбеди средства кои се неопходни за понатамошна стабилизација и раст, изјави Спировска по потпишувањето на договорот за кредитот.

Претставникот на ЕБОР во земјава Анди Аранитаси посочи дека одличната позиционираност на ПроКредит банка на пазарот во земјава, ја прават идеален партнер за пласирање на средствата на ЕБОР и обезбедување на помош и ликвидност на компаниите кои поминуваат во овој период на досега невидена неизвесност.

-Со потпишувањето на овој договор, ЕБОР обезбедува вкупно 35 милиони евра ликвидност за бизнисите во Северна Македонија преку Пакетот за солидарност, продукт развиен за да се помогне на економиите во земјите каде ЕБОР е активна, а кои се погодени од ковид кризата, рече Аранитаси.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2020 01:51