На насловната страница на новиот број на списанието „Ел“, американската глумица и пејачка Зендеја се појавува само во долга златобојна наметка со реси и Најки патики.
Во интервјуто, таа говори за годинашната прва нејзина Еми награда за најдобра женска главна улога во серијата „Еуфорија“, за претстојната втора сезона, за филмовите „Малком и Мери“ – приказна за љубов во карантин, и научнофантастичниот „Дина“, и други новитети во нејзиниот живот.
– Бев многу нервозна (на Еми доделувањата), но мило ми е што моето семејство беше таму. Сите беа таму и врескаа, како што тоа го прави моето семејство! Ние сме многу гласно семејство и бев загрижена дека ќе врескаат премногу долго. И малиот часовник ќе започне да отчукува, па јас само би кажала „Ах, благодарам“ и толку!, раскажува младата глумица.