Во интервју за „Индипендент“, Дејвид Аркет низ солзи раскажа колку му недостасува режисерот Вес Крејвен, при снимањето на хоророт „Врисок 5“.

– Кога бев близу него… Го чувствував она огромно чувство на болка и копнеж за поедноставен свет – за љубов. Се извинувам. Навистина ми беше тешко во последно време, многу ми недостасува, рече Аркет.

Глумецот речиси во истовреме, ја загубил и мајка си. Тој глумеше и во претходните четири дела на „Врисок“, сите во режија на Крејвен. Легендарниот режисер почина 2015 година.

– Навистина, копнеам за свет на љубов!, додаде Аркет.

„Врисок 5“ е во фаза на снимање. Режисерското столче им припадна на Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Џилет. И Кортни Кокс и Нев Кембел ќе ги повторат улогите по 5. пат. Прикажувањето е закажано за јануари 2022 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/11/2020 15:44