Законот за државна помош излезе во Службен весник, но дел од фирмите ниту вчера - за кога беше најавен крајниот рок за аплицирање за државна помош, пак не успеаја да поднесат документи. Реагираат дека пречката за компаниите да конкурираат и натаму не била елиминирана.

-Иако Законот за исплата на плата излезе во Службен весник, ние и натаму не можеме да аплицираме за државна помош. Причината за ова лежи во слабата координација меѓу државните институции.

Сметководителите апелираат јасно да се дефинираат условите за добивање на финансиска помош.

- Рокот мора да се продолжи зашто вака се е бадијала, вели за Алфа Александра Андреева, од Комората на сметководители на Македонија.

Од министерството за финансии велат најверојатно рокот ќе бил пролонгиран.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/11/2020 01:30