Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска ќе го презентира новиот концепт на Економската дипломатија, кој произлегува од предвидените приоритети на Мандатната мисија на МНР.
Во рамки на тематската прес – конференција, најавија од МНР, Османи ќе ги објасни преземените чекори со цел промовирање на успешен модел на економската дипломатија, што треба да резултира со поддршка на домашното стопанство, отворање на нови пазари и привлекување на странски директни инвестиции.