Семејството на Селена Кинтаниља, заедно со Нетфликс добија тужба за авторски права околу новата ТВ-серија за животот на оваа позната латино пејачка.
Имено, Моктезума Еспарза го продуцираше познатиот филм „Селена“ со Џенифер Лопез од 1997 година. Американскиот продуцент сега тврди дека во 1995 година, таткото на Селена – Абрахам Кинтаниља, со договор му ги префрлил авторските права за животната приказна на Тексашанката. Со продуцирањето нова серија, наводно, Нетфликс, татко ѝ и сестра ѝ Сузет Кинтаниља го прекршиле договорот.
Бараната отштета е милион долари.
Прикажувањето на новата серија „Селена“ е закажано за 4 декември. Главната улога овојпат ќе ја глуми Кристијан Сератос.
Познатата латиноамериканска пејачка беше застрелана од својата соработничка Јоланда Салдивар, во 1995 година, на 24-годишна возраст.