Народната банка објави повик до истражувачите што се заинтересирани да презентираат работен материјал на 37-та сесија на Клубот на истражувачите, да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 27 ноември 2020 година.
Сесијата, како што информираат од Народната банка, ќе се одржи на 17 декември 2020 година, со почеток во 14 часот, преку видеотелеконференциска врска.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите на Народната банка е од отворен карактер. Тој е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот на истражувачите како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.