Американската глумица и ѕвезда од „Бубалици“ (The Big Bang Theory), Кејли Куоко проговоре за врската и раскинувањето со Џони Галецки – кој и во серијата го глумеше нејзиното момче.
Имено, тие стапија во врска 2007 година, кога серијата само што почна да се снима, односно неколку месеци подоцна, а раскинаа 2009 година. Но, серијата продолжи…
– Кога раскинавме, очигледно, беше малку чувствително „наредната минута“, но се сеќавам на тие седмици дека Чак [Лори, сценаристот] ги имаше напишано оние епизоди каде одеднаш нашите ликови „секоја втора секунда“ се в кревет заедно, вели Куоко во интервјуто за интернет-емисијата „Експерт во фотеља“ на Дакс Шепард.
Таа смета дека тоа со зачестените секс-сцени по раскнувањето, Чак Лори го направил намерно.
За разлика од вистинскиот живот, нивните ликови во серијата се венчаа.Тие двајцата и денес се добри пријатели.
Глумицата се омажи со Карл Кук во 2018 година, а Галецки, се чини, е во сериозна врска со Алена Мејер.