Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е старо-нов шампион во Формула 1. Британецот попладнево победи на трката за Големата награда на Турција и официјално по седми пат стана планетарен шампион.

Тој доминира во Ф1 од 2017 и е во серија од четири трофеи, а претходно победуваше и во 2008, 2014 и 2015.

Седум титули во кариерата има и легендарниот Германец Михаел Шумахер.

Подиум на патеката во Истанбул денес обезбедија уште и Серхио Перез од Рејсинг Поинт и Себастијан Фетел од Ферари кој во последниот круг го помина неговиот клупски колега Шарл Леклер и изби на третата позиција.

Хамилтон воедно ја забележа својата 94. победа и 73-та за еден ист клуб, во случајов Мерцедес, надминувајќи го Шумахер кој имаше 72 победи како возач на Ферари.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/11/2020 15:09