Водата во Град Скопје е безбедна за пиење, покажуваат физичко-хемиските и микробиолошките испитувања на мострите земени од 49 мерни места.
-Секторот за санитарна контрола во периодот од 9 до 13 ноември зеде 193 примероци за физичко-хемиска и 193 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 49 мерни места во град Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје.
Од ова јавно претпријатие посочуваат дека испитувањата на водата за пиење го прават редовно и неделно го објавуваат извештајот за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.