Македонскиот репрезентативец во бокс Ардијан Аземи обезбеди најмалку бронзен медал на младинското Европско првенство, што се одржува во Будва.

Аземи во четвртфиналето го победи Дује Гацина од Хрватска со едногласна одлука на судиите.

Ова, како што соопшти Боксерската федерација на Македонија, е историски резултат за македонскиот бокс во младинска конкуренција.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2020 00:47