ЕВН информира дека утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во населба Драчево, во општините Чаир и Сарај.
Без струја утре, од 09:00 до 14:00 часот, ќе бидат дел од улиците: „Маркова Река“ и „Малешевска“ во населба Драчево, општина Кисела Вода, како и дел од улиците: „Чаирска“, „Цветан Димов“, „7-ма Албанска бригада“, „Јајце“, „Бајрам Шабани“, „Зеф Љуш Марку“ и ОУ „Тефејуз“ во општина Чаир )
Од 09:30 до 14:30 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од селата: Буковиќ, Семениште, Паничари, Раович и Ласкарци во општина Сарај.