Поради дефект на водоводен приклучок од ф80 мм на ул.Бехар Моис бр.11 во населба Тафталиџе, утре, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица како и од улиците „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Римска“ и улица „Атинска“.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, прекинот во водоснабдувањето ќе трае од 09:00 часот до завршување на работите за отстранување на дефектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2020 02:07