Во пресрет на утрешниот натпревар од ракометната Лига на шампиони меѓу Вардар и Кјелце, своите очекувања за овој дуел ги искажа левото крило на македонскиот и европски првак, Тимур Дибиров.

– Натпреварите Вардар – Кјелце се ракометна класика. Секогаш се тензични, интересни, неизвесни. Очекувам така да биде и утрешниот. Полската екипа е една од најсилните и тешко е да се подготвиш за нив. Имаат одличен тренер и многу квалитетни играчи. Ние ветуваме борба во текот на сите 60 минути. Верувам во нашата екипа. Без разлика со кого играме, на теренот излегуваме со самодоверба и желба за победа. Така ќе биде и на овој меч, изјави Дибиров.

Средбата е закажана за утре (19 ноември) од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2020 14:38