Народната банка, во рамки на Деновите на финансиска писменост, што ќе се одржат следната недела, организира неколку едукативни презентации преку видеоконференциска врска.
За таа цел објави јавен повик за сите заинтересирани граѓани со основно и со понапредно ниво на знаења од областа на монетарната и финансиската политика.
Презентациите ќе се одржат од 24 до 26 овој месец на тема монетарна политика, финансиска стабилност и платен промет и платежни услуги. По секоја презентација е предвидена можност за прашања од граѓаните и дискусија со стручните лица од Народната банка.
Заинтересирани граѓани треба да го најават своето присуство преку порака на е-адресата: edukacija@nbrm.mk или на официјалните страници на Народната банка на социјалните мрежи „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Притоа, секој заинтересиран граѓанин треба да наведе за која презентација/тема најавува присуство.
Рокот за пријавување е до крајот на оваа недела, односно до 22 ноември.